Skip to content

Latest commit

 

History

History
55 lines (31 loc) · 3.53 KB

README.md

File metadata and controls

55 lines (31 loc) · 3.53 KB

Дигитализирана верзија на „Бушава азбука“

Дигитализирана верзија на второто издание на книгата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, илустрирана од Душан Петричиќ и објавена како заеднички производ на ООЗТ Редакција „Детска Радост“, ИРО „Мисла“, ИРО „Наша книга“, Книгоиздателство „Македонска книга“ и ООЗТ Печатница при НИПРО „Нова Македонија“, во 1986 година, во Скопје, Социјалистичка Република Македонија.

Користени алатки:

  • Jekyll
  • Bundler
  • Bootstrap
  • gulp.js
  • Node.js
  • npm

Инсталирање на помошни компоненти

Инсталирајте Node.js и npm на вообичаениот начин за вашиот оперативен систем.

Инсталирајте го Jekyll според упатството на https://jekyllrb.com/docs/installation/.

Извршете npm install веднаш по клонирањето на складиштето за да ги снимите сите потребни помошни компоненти, пред да можете да го стартувате Jekyll.

gulp.js

Извршете npx gulp за повикување на локалната верзија на gulp.js и задачите дефинирани во gulpfile.js.

Стартување на Jekyll

Стартувајте го Jekyll со командата bundle exec jekyll serve --incremental или jekyll serve --incremental доколку не користите Bundler.

Progressive Web App

Презентацијата претставува т.н. прогресивна веб-апликација, така што лесно може да се инсталира како мобилна апликација на телефони, таблети и останати уреди што користат iOS или Android.

Компресија на видео содржини

Најавната шпица на „Бушава азбука“ е компресирана со ffmpeg во видео форматите H264 и Webm со следните команди:

H264

ffmpeg -i bushava-azbuka-najavna-shpica-izvor.mp4 -crf 30 -b:a 96k -c:a libvorbis -ar 32000 bushava-azbuka-najavna-shpica.mp4

Webm

ffmpeg -i bushava-azbuka-najavna-shpica-izvor.mp4 -c:v libvpx-vp9 -crf 50 -b:a 96k -c:a libvorbis -ar 32000 bushava-azbuka-najavna-shpica.webm

Пријава на грешки

Доколку забележите нешто скршено или некаков проблем, ве молам пријавете преку https://github.com/gocemitevski/bushava-azbuka/issues.

Лиценца

Дигитализираната верзија на „Бушава азбука“, со исклучок на содржината на самата книга, е достапна преку лиценцата „Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International“. Може слободно да се користи според правилата што произлегуваат од таа лиценца.